Company Slogan

ОДГОВОРИ НА ВАЖНИ ПРАШАЊА

1.Што е тоа управител на зградата и зошто Ви е потребен?

Управителот на зградата се грижи за нормално одржување и функционирање на објектот, воедно сите негови обврски се одредени со Законот за домување и Договорот за управување со згради.

2.Колку треба да уплатам во фондовите и кој располага со нив?

Одлуката за висината на фондовите за одржување на објектите ја донесуваат самите станари, по своја желба, додека депонираните средства се наоѓаат на посебна жиро-сметка од зградата.

3.За што служат уплатените средства?

Акумулираните средства во фондовите се трошат за редовно и вонредно одржување на заедничките делови – по потреба и желба на станарите.

4.Кој ги дефинира приоритетите за потребите на зградата?

Приоритетите на зградата ги одредуваат самите станари со однапред подготвен и по барање приложен план и програма од управителот.

5.Како да го решиме проблемот со станарите кои не уплаќаат средства во фондовите со што директно и штетат на самата зграда?

Управителот дневно ги следи сите уплати во фондовите од секој станар и во случај на неплаќање на истите ќе бидат превземени сите законски мерки за спроведување на наплатата.

6.Што доколку станарите неможат да се договорат околу изборот на управител на зградата?

Во тој случај законот одредува дека било кој сопственик може да побара да се постави управител на зградата. Во ваков случај слободни сме да ви дадеме целосна помош.

7.Може ли да се консултираме со вас во врска со управување и одржување на нашата зграда?

Секако дека може, нашата канцеларија Ви стои на располагање секој работен ден од 09-17 часот.