Company Slogan

ШТО НУДИМЕ

Нашето работење се заснова на начелото на максимална соработка и меѓусебен договор со станарите.

Услуги и поволности што ги нудиме на нашите корисници се:

1.Во целост се грижиме за функционирање на вашиот објект 24/7 часа;

2.Секоја зграда има своја посебна жиро сметка на редовниот и резервниот фонд независен од жиро сметката на управителот или на другите згради;

3.Ви нудиме изготвен Договор за заемни односи помеѓу сопствениците и Договор за вршење на управувачки работи на зградата;

4.Сопствениците сами ја одредуваат висината на фондовите за одржување на заедничките простории врз основа на што управителот изготвува план и работна програма;

5.Итните интервенции се организирани со дежурство 24/7 часа (покриваме поправки во зграда во сите сегменти, посебно вода, канализација, централно греење-котловници итн.);

6.Претставникот на станарите го одобрува секој трошок на фондот за одржување на зградата;

7.Веднаш можете да добиете комплетни финансиски извештаи по телефон, факс, пошта или e-mail;

8.Правни совети во областа на управувањето и одржувањето на станбената зграда се бесплатни;

9.Редовно испраќање на опомени, опомени пред тужба и утужување на нередовни уплатувачи на фондовите за одржување на зградата;

10.Плаќање на заедничката струја и вода од фондовите за одржување на зградата;

11.Вградување, санирање, реновирање и одржување на лифтови;

12.Санација на коси и рамни кровови со долгогодишна гаранција;

13.Одржување на околината на зградата по договор;

14.Контакти и дописи до сите државни институции и заштита на интересите на станбената зграда.